Поврзете се со нас

Свет

Мароканците го отпуштија Халилхоџиќ во пресрет на СП во Катар

Објавено

на

Вахид Халилхоџиќ го одведе Мароко на Светското првенство во Катар, но нема да биде селектор на африканската репрезентација на престижниот турнир.

Фудбалската федерација на Мароко денеска објави дека договорот со Халилхоџиќ е раскинат, поради несогласувања на двете страни.

Официјално, проблем бил начинот на подготовки на националниот тим, но во суштина главен проблем е што Халилхоџиќ одбива да го врати Хаким Зијеш во репрезентацијата.

Фудбалерот на Челси не беше повикуван од босанскиот стручњак поради недисциплина за време на подготовките, а иако Халилхоџиќ првично најави помирување, сепак одби да смета на Зијеш во пресрет на мундијалот.

За искусниот стручњак ова е трет отказ откако обезбедил пласман на СП со една репрезентација. Претходно тоа му се случи со Брегот на Слоновата коска и со Јапонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни