Поврзете се со нас

Германија

Мармуш продолжи да решета пред трансферот на кариерата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Eintracht

Омар Мармуш продолжи да решата во Германија и постигна нов гол на денешниот натпревар во Бундеслигата, оној против Сент Паули кој според многумина може да биде и последен, или еден од последните за него во дресот на Ајнтрахт Фракфурт.

Манчестер Сити е во напредни преговори за ангажман на сензационалниот Египќанец кој блеска во Бундеслигата, па Пеп Гвардиола и денеска доби одговор каков играч може да добие уште овој јануари.

Мармуш го постигна 13-от гол на 15-от настап во Бундеслигата оваа сезона, а истиот беше доволен за минимална победа на Ајнтрахт на гостувањето кај Сент Паули.

Офанзивниот фудбалер уште еднаш ја демонстрираше својата снаодливост и на мајсторски начин ја затресе мрежата на противникот, квалитети кои сигурно ќе му бидат од голема полза на Гвардиола во неочекувано тешката сезона на Манчестер Сити.

Последните информации велат дека англискиот шампион е во завршна иницијатива за договорање на сите детали околу Мармуш со германскиот бундеслигаш, откако фудбалерот веќе ги договорил личните услови за премин на „Итихад“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни