Поврзете се со нас

Франција

Маркус Тирам го истрола својот помлад брат: Нема ни потпис за автограм (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/equipedefrance

Маркус и Кефрен Тирам се уште едно братско дуо во француската фудбалска репрезентација, а медиумите и фановите им посветија посериозно внимание бидејќи првпат се повикани заедно од страна на селекторот Дидие Дешамп.

Тоа е потврда за квалитетот на синовите на легендарниот Лилијан Тирам, кои имаа и комуникација со фановите во тренинг базата на националниот тим.

Постариот Маркус го истролал Кефрен дека се уште не е подготвен за давање автограми, затоа што нема ни извежбан потпис за такво нешто.

Поискусниот од браќата Тирам настапува за Борусија Менхенгладбах и е поврзуван со трансфер во поголем клуб, додека Кефрен е член на Ница.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни