Поврзете се со нас

АТП

Марковски го освои првиот трофеј во кариерата

Објавено

на

Foto: FB/Македонски тенис Makedonski tennis

Македонскиот тенисер, Обрад Марковски го освои првиот трофеј во сениорска конкуренција и тоа на фјучерсот во Куршумлијска Бања.

Марковски во комбинација со Стефан Латиновиќ славеше во игра на двојки и тоа откако во финалето беа совладани четвртите носители Јан Храздил и Вацлав Шафранек.

Обрад и Стефан триумфираа со 2-1 во сетови со 1-6 7-6(4) 10-7 и тоа во меч кој траеше 1 час и 32 минути.

Марковски со оваа победа се приклучи на македонските тенисери кои имаат триумф на турнир во конкуренција на двојки како: Александар Китинов, Зоран Шевченко (сателит турнири), Лазар Магдинчев, Предраг Русевски, Димитар Грабул, Томислав Јотовски, Калин Ивановски, Горазд Србљак, Илија Мартиноски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни