Поврзете се со нас

Светски првенства

Марковиќ му честиташе на подобриот: Македонците трчаат многу, Лазаров врши одлична работа

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Најдобрите македонски ракометари го совладаа Катар за втор триумф на актуелниот ракометен мундијал и голема радост за своите фанови.

Избраниците на Кире Лазаров диктираа темпо цел натпревар и не ја испуштија предноста до крајот, а искусниот Жарко Марковиќ коректно ја честиташе победата на подобриот противник попладнево во Вараждин.

– Најпрвин да и честитам на репрезентацијата на Македонија.

– Се гледа дека екипата е подмладена, момците многу трчаат и Кире тоа добро го подредил и врши одлична работа.

– Ние, од друга страна сме највозрасна екипа на ова првенство, тешко ни е кога се игра натпревар секој втор ден. Не измори и оној натпревар против Холандија на кој многу се потрошивме и на крајот не ни победивме, – изјави натурализираниот катарски репрезентативец по крајот на мечот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни