Поврзете се со нас

Свет

Маркоски се договори со чешки прволигаш

Објавено

на

Македонскиот офанзивец, Кире Маркоски договори ангажман во Чешка и во иднина ќе го носи дресот на Карвина.

Ова за напаѓачот ќе биде ново искуство во кариерата, нова држата во која ќе настапува со оглед на тоа што досега играше во Македонија, Кипар и Словачка.

-Кире е интересен фудбалер кој може да ги покрие двете страни од теренот. Нашиот стил на игра би требало да му одговара. Верувам дека ќе ни помогне, -истакна спортскиот директор, Лубомир Влк.

Кире потпиша едногодишен договор со Карвина каде ќе го носи дресот со бројот 24.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни