Марко влегува во ритам: Симоновски стрелаше во судиското продолжение и стана херој на Сепси (Видео)

marko simonovski

Македонскиот напаѓач, Марко Симовски влегува во посакуван ритам во Романија, па откако минатата седмица стрелаше на гостински терен против Јувентус Букурешт денеска погоди за драматична победа на својот Сепси на средбата против Газ Метан.

Домашниот состав дојде до триумф од 2-1 со пресврт во вториот дел, односно нашиот Марко се најде на вистинското место во 92 минута и донесе големо славје за навивачите и клубот. Ова за Симоновски и Милован Петровиќ беше уште еден важен триумф во битката за опстанок со составот на Сепси.

Facebook Коментари