Поврзете се со нас

Македонија

Марко Ѓорѓиевски ново име во таборот на Шкупи

Објавено

на

Тимот на Шкупи продолжи да биде активен на трансфер пазарот, па така најновата аквизиција за македонскиот прволигаш е Марко Ѓорѓиевски.

Поранешниот напаѓач на Вардар и Борец се одлучи да се врати во својата татковина откако од 2019 играше во соседна Србија во Вождовац и Раднички Пирот.

-Се надевам ќе имаме одличен успех во Европа и во првенството каде ќе атакуваме на титулата, па со божја помош на крајот да се радуваме заедно со нашите фанови, -истакна Ѓорѓиевски кој во клубот од Чаир ќе игра како позајмен играч од Раднички Пирот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни