Поврзете се со нас

Италија

Маркизио стана агент, прва задача ќе му биде италијански ангажман на сопругот на атрактивната Дилета

Објавено

на

Клаудио Маркизио денеска официјално ја претстави својата менаџерска агенција, која ја формирал заедно со својот долгогодишен агент Алесандро Точи.

Поранешната ѕвезда на Јувентус изминативе години немаше посебен фудбалски ангажман, но сега станува агент и првично приоритет ќе му бидат неколку млади фудбалери и развојот на нивната кариера.

Еден од попознатите први клиенти на Маркизио е голманот Лорис Кариус, кој во моментов е член на Њукасл, но за кого се претпоставува дека го ангажирал некогашниот италијански репрезентативец за да му најде клуб на „чизмата“.

Кариус е познат и како сопруга на атрактивната италијанска водителка, Дилета Леота, со која од неодамна има и дете, а престојот во Англија му носи сериозни компликации во семејниот живот.

38-годишниот Маркизио ја заврши кариерата во 2019 година, а последен клуб му беше Зенит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни