Италија
Маркизио со ироничен коментар по новите судиски грешки во Серија А: Се надевам работи технологијата на гол линијата

Клаудио Маркизио не можеше да остане нем на судиските одлуки на Маурицио Мариани на денешниот натпревар помеѓу Јувентус и Наполи.
На оваа средба имаше неколку спорни моменти откако и на двата тима не им беше досуден пенал иако имаше елементи за такво нешто. Прво Лозано стартуваше врз Кјеза, а потоа и Сандро врз Зјелински, но главниот судија не досуди на белата точка, за во второто полувреме да свирне пенал за Наполи кој подоцна го искористи Лоренцо Инсиње.
Маркизио го истакна своето незадоволство од судењето на Мариани на овој натпревар со ироничен коментар на социјалните мрежи.
– Како и на натпреварите во квалификациите за Светското првенство, немаше ВАР ни на натпреварот од Серија А. Се надевам барем работеше технологијата на гол- линијата, но никогаш не знаете…, -напиша Маркизио.
Come nelle qualificazioni per #Qatar2022 , il Var manca anche in campionato 🤦 Speriamo nella line technology in caso di… 😄#JuveNapoli
— Claudio Marchisio (@ClaMarchisio8) April 7, 2021

- Англијапред 22 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 19 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 24 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 20 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо
- Англијапред 21 час
Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата