Поврзете се со нас

Италија

Маркизио предвидува кој играч на Јувентус ќе го реши големото италијанско дерби

Објавено

на

Foto:instagram.com/marchisiocla8

„Дерби Д’Италија“ е фудбалска пресметка меѓу големите ривали Интер и Јувентус и истото секогаш се сметало за едно од најголемите во Серија А, но со оглед на актуелната состојба на табелата, претстојниот натпревар ќе биде уште пожежок на теренот.

Интер и Јувентус како најдобропласирани тимови ја дочекаа репрезентативната пауза, а по крајот на истата, сите очи ќе бидат вперени кон натпреварот во Торино.

Јувентус ќе биде домаќин на лидерот на табелата во Серија А и ќе го пречека на „Алијанц стадионот“ претстојниот викенд, па со најави почнаа да се јавуваат и поранешни фудбалери на двата клуба.

Според ростерот со кој располага, Интер изгледа како подобар тим во овој момент, а иако Клаудио Маркизио го признава тоа, сепак се надева дека клучен фактор може да биде Федерико Киеза кој полека влегува во најдобра форма.

– Ова ќе биде важно дерби за остатокот од сезоната. Јувентус и Интер играат добро и покрај тоа што следат различни патишта. Интер има посупериорен тмим во поглед на играчи, играчки стил и искуство, но Јувентус покажа дека знае да страда на натпреварите и да дојде до посакуваниот резултат. Јувентус игра доста константно и се надевам дека ќе гледаме возбудлив меч. Сметам дека Киеза ќе биде клучен играч и ќе го реши дербито, – прогнозира Маркизио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни