Поврзете се со нас

Италија

Маркизио: Јувентус требаше да го доведе Донарума

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио, смета дека „бјанконерите“ направиле голема грешка што не го ангажирале Џанлуиџи Донарума во последниот преоден рок.

Јувентус се повлече од трката за голманот поради неможноста да ги исполни неговите финансиски услови во ситуација кога и Војчех Шчесни има голема плата, која соодветствува на прв голман на екипата.

– Џиџио е голем шампион и ќе помогнеше во создавањето група италијански фудбалери, која секогаш била најважна за тимот.

– Донарума, Локатели, Киеза и Бернардески, Џиџио ќе беше последната алка во промената на генерацијата по пензионирањето на Кјелини и Бонучи, – изјавил Маркизио.

Во интервју за „Газета дело Спорт“, Маркизио истакнал дека и Дибала мора да покаже поголема постојаност во формата.

– Ќе бидам среќен ако Дибала го продолжи договорот, бидејќи фудбалерите како него се ретки. Сепак, тој мора да направи повеќе за тимот и мислам дека го знае тоа, – рекол Маркизио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни