Маркизио имал непристојна понуда од друг италијански клуб

klaudio-slusalki

Клаудио Маркизио не го криеше разочарувањето што ова лето мораше да го напушти Јувентус по цели 25 години минати во младинските категории и првиот тим, но наспроти сите понуди кои ги имаше, искусниот играч за врска одлучи да го прифати проектот на Зенит заминувајќи во Русија.

Маркизио во изминативе 13 сезони беше стандарден дел од првиот тим на италијанскиот шампион и пред да замине не ја криеше својата огромна желба да остане во клубот, но сепак на крајот беше проценето дека најдобро за него ќе биде ако замине во тим каде што ќе има стандардна минутажа.

Таткото на Маркизио кој инаку е и негов агент откри дека имал многу понуди, но исто така откри и една непристојна која пристигнала во 2017 година.

– Не жалиме за ништо што се случи. Пред три години, Клауди можеше да оди каде ќе посака и ќе заработеше многу повеќе. Во 2017 година му кажа не на Милан, клуб кој му понуди двојно повеќе. Негова желба беше да ја заврши кариерата во Јувентус, клубот кој најмногу го сака. Работите се менуваат во фудбалот и го сфаќам тоа што Јувентус сака да го освежи тимот. Јасно е дека има носталгија, Клаудио ќе беше најсреќен човек во светот ако останеше во Јувентус, – порачува Стефано за „Тутоспорт“.

Facebook Коментари