Поврзете се со нас

Италија

Маркизио го предупреди Јувентус: Понекогаш тоа не е вистинскиот пат…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Јувентус загуби неколку играчи во досегашниот тек на оваа сезона и според најавите дефинитивно клубот ќе реагира и повлече некои потези во зимскиот преоден рок.

Дефанзивата е во прв план, дел од теренот кој мора да се засили, освежи, но тука е и нападот каде Душан Влаховиќ го носи најголемито товар, поточно тој е единствената класична деветка на „старата дама“ со оглед на тоа што Милик долго време е повреден.

Низ медиумите се спомнува опцијата за ангажман на Џошуа Зиркзе од Манчестер Јунајтед, позајмица до крајот на сезоната, решение за кое легендата на клубот Клаудио Маркизио не е баш најубеден дека е вистинското и може да биде погодок без разликата на тоа што тренерот Тијаго Мота многу добро ги знае квалитетите на Холанѓанецот.

-Зборуваме за играч кој има многу талент и го покажа минатата година. Одлично е кога играчот се снашол добро во претходната сезона со конкретен тренер, но не нужно кога двајцата одат во различни насоки.

-Многу пати се обидуваме да ги вратиме и да ги поттикнеме повторно, но тоа не значи дека тоа е вистинскиот пат што треба да се оди. Треба да имаме верба во Влаховиќ кој се уште го покажува својот талент. И мораме да запомниме дека тоа го прави сам. Се надевам дека некој може да пристигне во јануари, вклучувајќи го и враќањето на Милик на теренот, -порача Маркизио за „Тутоспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни