Поврзете се со нас

Европски првенства

Маркизио ги истрола Англичаните кои бараат преигрување на финалето на ЕП (Фото)

Објавено

на

Клаудио Маркизио не можеше да ги санира проблемите со повредите и стави крај на играчката кариера на само 33 години, но поранешниот фантастичен играч на Јувентус и натаму е многу популарен во италијанската јавноста, а од ова попладне уште повеќе со оглед на „поздравот“ кој го упати кон Англичаните.

Маркизио долги години ги бранеше боите на матичниот Јувентус и своевремено беше дел од најсилната италијанската репрезентација, која пак пред десет дена направи голем успех и ја освои титулата на Европското првенство.

„Аѕурите“ ја победија Англија во пенал рулетот на „Вембли“, но дел од Англичаните беа до толку очајни поразот, што бараа и преигрување на финалето поради прегрубиот старт на Кјелини врз младиот Сака во судиското надополнување.

Маркизио сега реши да се пошегува со Англичаните и порача дека е подготвен да ја потпише петицијата, бидејќи и во таква ситуација одново ќе гледа победа на неговата сакана Италија.

– Каде можам да ја потпишам петицијата за преигрување на Италија-Англија? Дѕри и така ќе ги победиме во наредните 1000 пати, – порача Маркизио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни