Маркионе се закани: Ферари може да ја напушти Формула 1

Markione

Првиот човек на Ферари, Серџо Маркионе, ги загрижи Формула 1 фановите со најавата дека италијанскиот тим може да се повлече од најатрактивното и најпопуларното мотоспорт натпреварување во светски рамки.

Заканата на Маркионе се однесува на периодот по 2020 година и ќе зависи од потезите на новите сопственици на Ф1.

– Формула 1 е дел од нашата ДНК уште од нашиот прв ден, но ако се случат промени кои ќе го направат натпреварувањето непрепознатливо, нема причина да останеме, – изјавил Маркионе.

Ферари е единствениот тим кој без прекин учествува во Формула 1 од 1950 година и има највеќе успеси иако не ја освоил титулата од 2008 година.

Маркионе имал интересен одговор и на прашањето како би се чувствувал како предводник на Ферари кој ќе остане запаметен што одлучил да го повлече тимот од Ф1.

– Како милион долари, затоа што ќе работиме на стратегија за пронаоѓање алтернатива и успешно спроведување, – потенцирал првиот човек на групацијата ФЦА во чија сопственост е и Скудерија Ферари.

Facebook Коментари