Поврзете се со нас

Свет

Маркињос со загрижувачка изјава за очајната ситуација во Бразил

Објавено

на

Foto:twitter.com/CBF_Futebol/Vitor Silva

Бразил има повеќе порази од победи во квалификациите за Светското првенство и дефинитивно не изгледа на фудбалска сила која може да направи проблем на било која поелитна репрезентација, за што доказ беше и последниот неуспех со Парагвај.

„Кариоките“ загубија на гостувањето на Асунсион со 1:0 и ставија крај на уште еден разочарувачки циклус во оваа 2024-та година, па полека се поставува прашањето дали Доривал Жуниор е вистинскиот избор за селектор на репрезентацијата.

Бразилците лутаат и со селекторот кој беше ангажиран по негативниот одговор од Карло Анчелоти, но првите неколку месеци како предводник не оставаат воопшто добри сигнали во тимот.

Добар приказ за тоа е и изјавата на Маркињос, кој во разговорот со бразилските новинари нагласил дека цел тим игра без самодоверба во овој момент.

– Нашиот селектор и натаму се обидува да го пронајде вистинскиот состав и вистинскиот начин на игра. Сето тоа се одразува врз нашата игра и врз резултатите. Во овој момент лутаме и што е најлошо, играме без никаква самодоверба.

– Ова е транзициски период, има смена на генерации во тимот и мора да го надминеме. Не е лесно да се мине низ тоа, но единствено ни останува да ги наведнеме главите и напорно да работиме, – изјавил Маркињос.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни