Поврзете се со нас

Франција

Маркињос: Мбапе е подобар без Нејмар? Доста со тие глупости

Објавено

на

blank

Нејмар и Килијан Мбапе се двете најголеми ѕвезди на Пари Сен Жермен, играчи со кои клубот од француската престолнина се идентификува, играчи без кои кој знае на какво ниво би биле „светците“ и дали би можеле да бидат конкуретните за пехарите како што се во овој момент.

Меѓутоа Бразилецот често знае да се повреди, па Мбапе да ја преземе одговорноста со тоа што најсвеж пример и осминафиналната битка со Барселона на „Камп Ноу“ каде Французинот ги уништи каталонците со три гола во поразот од 4-1.

Поради ова често знае да се каже дека Мбапе игра подобро, на повисоко ниво кога Нејмар не е крај него, констатација со која пак не се согласува стоперот Маркињос.

-Не, не можеме да навлегуваме во овие приказни. Гледам луѓето зборуваат, ама мора да се прекине со тие глупости. Ние секогаш сакаме да ги имаме најдобрите играчи со нас. Ако го прашате Килијан, мислам дека и тој претпочита да го Неј до него. Килијан беше таму и ја направи вистинската работа [против Барселона], но и другите играчи имаа важност во овој натпревар.

-Кога тимот игра добро, тогаш уште повеќе поединците излегуваат на површина. Тој настап му ја зголеми самодовербата. Постигнувањето три гола на „Камп Ноу“ е нешто многу важно за него и за нас. Секој знае за што е способен. Тука сме да му помогнеме што е можно повеќе. Тој е лидер на теренот со својата личност и своите квалитети. Имаше исклучителен натпревар, -истакна Маркињос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни