Мото ГП
Маркез се врати во Мото ГП и предизвика хаос кој ја разгоре битката за титулата (Видео)

Марк Маркез се врати во Мото ГП на Моторленд Арагон, но неговиот кам-бек на домашната трка сепак ќе се памети по хаосот кој го направи во првиот круг, по кој и тој самиот реши да се повлече во гаражата и рано да ги заврши возбудувањата.
По четвртата операција на раката, Маркез одново доби зелено светло од лекарите да се натпреварува на највисоко ниво, па иако беше предвидено да се врати на почетокот на наредната сезона, реши да ги искористи овие последни за да влезе во ритам.
Неговото присуство на патеката во Арагон експресно донесе возбудувања и вистински хаос, бидејќи во првиот круг имаше два допири и исфрли двајца противници. Во третиот свиок, мотоциклот на Маркез доби неправилно движење и Квартараро се заби во него, додека на еден од правците во првиот круг, во него се заби и Накагами кој исто така ја заврши трката.
Многу полоша ситуацијата е за Квартараро, кој како лидер во генералниот пласман, сега загуби драгоцени бодови во битката за титулата. Големата разлика сега се намали на само десет бода предност на пет трки пред крајот, што значи дека враќањето на Маркез ја разгори и битката за шампионската титула.
Кога е во прашање денешниот редослед, Пеко Бањаја беше блиску до петта победа во серија во Мото ГП и влезе како прв во последниот круг, но сепак беше престигнат од Бастијанини и победата ја зема Енеа. Со тоа, Пеко загуби пет планирани бода, по што Квартараро има десет бода предност во генералниот пласман, каде блиску е и Алеиш Еспаргаро.
Шпанецот се избори за подиум денеска и заврши трет, што направи да ја намали разликата и сега заостанува 17 бода зад лидерот Квартараро.
-
Светпред 22 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Македонијапред 21 час
Алкалоид договори уште еден македонски репрезентативец
-
Евролигапред 20 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
Англијапред 23 часа
Евра не го дели ставот на Кин и Невил: Тие можат да ја освојат титулата во Премиер лигата
-
Светски првенствапред 22 часа
Франција ја надигра Шведска и ќе се бори за златото на СП
-
Шпанијапред 11 часа
Главниот оперативец на Атлетико распали по Реал: Истото се случува со децении и веќе никој не е изненаден!
-
Германијапред 21 час
Унгарецот во елемент: Собослаи со две мајстории донесе победа за Лајпциг (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Аке му пресуди на Арсенал, Сити оди во осминафиналето на ФА Купот (ВИДЕО)