Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез се врати на врвот во МотоГП, емотивно ја прослави првата победа по 19 месеци (Видео)

Објавено

на

Марк Маркез успеа да оствари победа на МотоГП трката на патеката Заксенринг во Германија, што за него е прв триумф по трката во Валенсија во 2019 година, од кога поминаа речиси 600 денови.

Проблемите со фрактурата и повеќе оперативни зафати го оддалечија членот на Хонда од трките и победите, но денеска во свој стил ги остави ривалите зад себе и емотивно го прослави триумфот со своите колеги од тимот.

 

За Маркез ова беше 11 победа по ред на патеката Заксенринг.

На победничкиот подиум во Германија се најдоа и Мигел Оливеира од КТМ и Фабио Квартараро од Јамаха, со што Французинот ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Во првата десетка се пласираа и Биндер, Бањаја, Милер, А. Еспаргаро, Зарко, Мир и П. Еспаргаро.

Следната трка во МотоГП се вози веќе следниот викенд во Асен, Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни