Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез се врати на „местото на злосторот“ и се заби во оградата при брзина од 160 км/ч, Квартараро слави нова пол-позиција (Видео)

Објавено

на

Марк Маркез се врати на местото на злосторот од пред една година, а судбината посака да се потсети на хоророт бидејќи имаше страшен пад во квалификациите за Големата награда на Шпанија.

Маркез минатата година заработи фрактура на раката токму на патеката во Херез и мораше да прави три операции, па ако вчера беше внимателен на тренинзите, денеска направи нова грешка кога притискаше да остане блиску до лидерите, па претрпе застрашувачки пад при брзина од 160 километри на час.

Возачот на Хонда се заби во заштитната ограда и ги преплаши луѓето во неговиот бокс, но добра вест е тоа што не заработи нова сериозна повреда и по прегледите од лекарите, доби дозвола за враќање на патеката. Откако се врати, Марк беше доста деконцентриран и не успеа да влезе во главните квалификации преку баражот, па така утре ќе стартува од 14-та позиција на домашното гран при.

Биндер и Брадл беа возачите кои влегоа во главните квалификации, а таму издоминира Фабио Квартараро кој вози во неверојатна форма и во овој момент делува несопирливо со својата Јамаха, барем кога е оваа патека во прашање.

За Квартараро ова беше четврта последователна пол-позиција во Херез, а зад себе ги остави Морбидели, Милер, Бањаја, Накагами, Зарко, Вињалес, Еспаргаро, Ринс и Мир меѓу првите десет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни