Маркез и Роси имале вербален дуел пред комисијата за безбедност

rosi-markez

Натпреварувачите во Мото ГП шампионатот се подготвуваат за трката во САД, но организаторот „Дорна“ организирал состанок на комисијата за безбедност на која присуствувале и Валентино Роси и Марк Маркез.

Ривалите имаа директен контакт на трката во Аргентина, по што Италијанецот падна на патеката, а одговорните во Мото ГП испратиле предупредување дека во иднина ќе има построги санкции за учесниците кои ќе предизвикаат директен контакт со друг натпреварувач.

Италијанските медиуми пренесуваат дека повторно дошло до бурна расправија меѓу Маркез и Роси, откако Шпанецот му порачал на „Докторот“ дека сите возачи учеле како се вози агресивно токму од него.

– Јас за 20 години сум бутнал четири возачи, ти успеа да бутнеш пет за време на една трка, – одговорил Роси на провокацијата.

Facebook Коментари