Маркез продолжи да доминира во Остин и дојде до нова пол позиција

mark-ostin

Марк Маркез во изминативе пет години апсолутно доминираше на патеката во Остин која без никаков сомнеж е негова омилена во Мото ГП календарот, а својата беспрекорност во Америка ја продолжи и на денешните квалификации на кои еднставно немаше конкуренција.

Маркез успеа да стигне до шестата последователна пол позиција на трката за Големата награда на Америка, не дозволувајќи им никаква шанса на ривалите да се понадеваат на расипување на серијата која трае од 2013 година. Возачот на Хонда беше за речиси половина секунда побрз од вторполасираниот Маверик Вињалес, а изненадувачки трет беше Андреа Јаноне кој оствари одличен резултат со своето Сузуки.

Меѓу првите пет се најдоа уште две Јамахи, односно Жоан Зарко кој си обезбеди место пред Валентино Роси, а вториот стартен ред го заокружи Хорхе Лоренцо. Третиот стартен ред започнува со Крачлоу, а потоа следат Довициозо и Педроса.

Facebook Коментари