Мото ГП
Маркез призна дека намерно не се обидел да го престигне Лоренцо за Роси да не освои титула

„Војната“ меѓу Марк Маркез и Валентино Роси почна во 2015-та година, а истата доби кулминација на претпоследната трка во Сепанг кога инцидентот заврши со пад на Шпанецот и сериозна казна за Италијанецот на последната трка во Валенсија.
Роси не успеа да го надокнади големиот минус поради тоа што стартуваше последен и остана без посакуваната десетта титула во кариерата, а Маркез заврши втор на последната трка и изгледаше како „жив-штит“ за Лоренцо кој со победа стигна до посакуваната цел.
Речиси осум години подоцна, Маркез признава дека намерно не се обидел да го престигне Лоренцо во последниот круг, сето тоа како резултат на нарушениот однос кој го имал со Роси во тоа време.
– Мојот однос со Роси не се наруши во 2015-та година, тоа се случи во 2014-та година. После трката во Мисано, отидов на еден ден во неговиот ранч. Се бркавме да видиме кој ќе оствари рекордно време на неговата патека. Од тој ден нешто се промени, нашиот однос се залади. Не знам зошто се случи тоа, најверојатно бидејќи му го урнав рекордот на патеката.
– Во 2015-та година имавме одлични битки на патеката, се додека еден не ги загуби нервите. Има уште некои кои велат дека јас сум се удрил во него, а тој ја извади ногата и ме турна мене. Тоа беше негова грешка, но и грешка на стјуардите, требаше да му покажат црно знаме.
– Потоа дојде трката во Валенсија. Дали можев да се обидам да го престигнам Лоренцо во последниот круг? Можев да ризикувам, но после тоа што ми го направи Роси, дали мислите дека ќе му помогнам да освои титула? Сигурно дека не, – вели Маркез.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 14 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 13 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Светпред 12 часа
Судија суспендиран откако поништил гол по прегледување на снимка на телефон