Мото ГП
Маркез преживеа непријатен контакт со својот брат, па го освои првото место на трката во Катар

Традицијата вели дека Марк Маркез не ужива да вози на трката за Големата награда на Катар, но во ситуација кога се приближува до формата од најдобрите денови, осумкратниот шампион очигледно знае да победува и на една од најнеомилените патеки.
До денешната трка во Мото ГП, Маркез имаше остварено само една победа на Лусаил патеката, па иако на стартот мораше да преживува непријатен контакт со својот брат Алекс, успеа да остане доволно мирен за да избегне пад и да остане во игра за триумф.
Маркез го загуби првото место од Морбидели и во еден момент беше престигнат и од Пеко Бањаја кој стартуваше 11-ти, но Марк брзо се стабилизираше и се врати на второто место.
Во тие моменти, отпозадина на водечката тројка се приклучи и Маверик Вињалес, а возачот на КТМ презентираше извонредни перформанси, со кои успеа да избие и на првото место.
Маркез не остави ништо на случајноста и брзо го престигна Морбидели кој почна да се мачи со истрошените гуми, по што стана јасно дека битката за победата ќе ја водат Марк и Маверик.
Како што одминуваше времето, така Вињалес се повеќе се мачеше во свиоците на Лусаил, па на седум круга пред крајот му го препушти првото место на Маркез, кое осумкратниот шампион до крајот не го испушти.
Марк на овој начин стигна до четврта победа на петтата трка во новата Мото ГП сезона, Вињалес се задоволи со второто место, додека Бањаја заврши на подиумот иако стартуваше 11-ти.
Морбидели на крајот ја доби битката со Зарко и заврши четврти, додека од шестото до десеттото место завршија Алдегер, Алекс Маркез, Квартараро, Акоста и Беѕеки.
-
Шпанија17 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА16 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
НБА13 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони14 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија11 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Италија14 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)
-
Македонија12 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар