Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез претера и го елиминира Мартин, Квартараро победи во Британија (Видео)

Објавено

на

Марк Маркез јавно му се извини на сонародникот Хорхе Мартин, кого го елиминираше со премногу агресивен потег на трката за Големата награда на Велика Британија.

Фабио Квартараро убедливо и без поголеми проблеми го освои првото место, за поголема предност во генералниот пласман во МотоГП, додека Маркез и Мартин останаа без пласман по неочекуваниот контакт кој го имаа за време на трката.

Маркез по трката му се извинил на Мартин за инцидентот, а тоа го направи и преку социјалните мрежи, признавајќи дека направил погрешен потег и бил преголем оптимист во освојување на свијокот.

Покрај Квартараро, на победничкиот подиум се најдоа и Алекс Ринс и Алеш Еспаргаро, додека Валентино Роси не успеа да освои поени на своето последно британско гран-при.

Во генералниот пласман Квартараро има 181 поен, а Бањаја и Мир на второто место имаат по 134 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни