Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез: Ова е историски проект во Мото ГП, го одбив Дукати

Објавено

на

Мото ГП сезоната се очекува да започне во месец јули со две трки на патеката во Херез, сценарио кое едвај го очекуваат сите вљубеници во андреналинот, но особено мотоциклистите кои дефинитивно ќе мора да имаат нови подготовки откако зимските пропаднаа во вода поради коронавирусот.

Марк Маркез и во новата сезона ќе биде главен кандидат за титулата во „кралската класа“, а како таков, сега одработи едно интервју за италијански „Скај Спорт“.

Претежно, Маркез говореше за неверојатната понуда која му ја достави Хонда и која тој без преголемо размислување ја прифати, што сега го обврзува да остане во јапонскиот тим во наредните четири години.

– Таквата идеја потекнуваше од Хонда. Искрено, не размислував за такво нешто. Почнавме да разговараме и сите бевме свесни дека тоа е добитна комбинација за двете страни. Има малку тимови како Хонда, во секоја смисла. Веруваа во мене од стартот, а сега за првпат во нашиот спорт, имаме четиригодишен проект. Ќе видиме дали бевме во право, мое е да продолжам да победувам.

– Имаше понуда и од Дукати, но срцето пресуди и ја избрав Хонда. Имам 27 години и сега четиригодишен договор со Хонда. Никогаш не се знае што следи, знам дека луѓето велат дека треба да се пробам и на друг мотор, да победувам со друг мотор. Сепак, оваа одлука ја донесов слушајќи го моето срце, – заврши осумкратниот шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни