Мото ГП
Маркез обелодени како изгледа неговата рака после четвртата операција и ги шокираше фановите (Фото)

Марк Маркез прерано стави крај на уште една натпреварувачка сезона во Мото ГП, откако процени дека не е доволно конкурентен за шампионската титула во ситуација кога се уште има лимитирани движења со повредената рака.
По даденото зелено светло од страна на лекарите, Маркез направи четврта операција на раката во период од две години со цел конечно да го реши големиот проблем, а неполн месец по операцијата, објавена и првата фотографија од тоа како изгледа неговата десна надлактица.
Маркез објави неколку фотографии на социјалните мрежи од својот летен одмор и со тоа откри како изгледа неговата застрашувачки голема лузна, која воедно ги шокираше Мото ГП фановите.
Целта на осумкратниот шампион ќе биде да се врати наредната сезона и да биде максимално подготвен за шампионска борба, а пред неколку дена даде оптимистичка изјава и покрај лошиот изглед на раката во овој момент.
– Чувството кое го имам засега е многу позитивно. Најдобро е што веќе немам болка во раката и тоа е најважно. Тоа ми овозможува да одморам спокојно и да ги слушам советите од медицинските лица, – изјави Маркез на почетокот на оваа седмица.
-
Пливањепред 16 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 17 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 19 часа
Херојот Димитриевски со интервју од теренот откако ја фрустрираше Барса: Со сите нови засилувања… (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Англијапред 15 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал
-
Англијапред 9 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 8 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)