Поврзете се со нас

Шпанија

Маркез: Никогаш не бев пријател со Меси, Гвардиола мораше да интервенира при една жестока дискусија

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelonaB

Рафа Маркез е легендарен мексикански фудбалер и дефанзивец кој седум години ги бранеше боите на каталонскиот гигант Барселона, или поточно од 2003-та до 2010-та година.

Маркез дочека големи успеси на „Камп Ноу“ и шанса да го гледа одблиску еден од најголемите играчи во историјата, но актуелниот тренер на вториот тим на Барса открива дека никогаш немал пријателски однос со Лео Меси.

Мексиканецот открива дека неговата позиција на теренот му давала за право да дава наредби до своите соиграчи на тренинзите, а бидејќи Лео не бил често воодушевен од тоа, еднаш влегле во жестока дискусија.

– Кога трениравме во првиот тим, знаевме дека во младинската школа има момче кое прави голема разлика. Кога Меси дојде да тренира со нас, тој можеше да поминува по тројца или четворица на тренинзите. Се обидувавме да го коригираме, му велевме каде да дрибла, а каде не. Баравме да работи повеќе со соиграчите, а еден ден поради тоа што сериозно инсистирав на тимската игра, настана проблем меѓу мене и него.

– Јас на тренинзите давав наредби, влеговме во расправија и истата прерасна во пожестока дискусија. Мораше да интервенира Гвардиола и да ги смири страстите. Си кажавме одредени работи, но се случуваат и такви работи. Бевме добри соиграчии, но никогаш не бевме добри пријатели со Меси. Го почитувам, тој е најголемиот во историјата, но никогаш не бев пријател со него, – открива Маркез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни