Маркез со нестварен маневар се спаси од пад и стигна до четврта титула во Мото ГП! (Видео)

markez-valensija

Марк Маркез стигна до својата четврта титула во Мото ГП шампионатот, и тоа на начин кој само тој може да го понуди во ситуација кога требаше да остане само мирен и да ја доврши трката.

На последната трка во Валенсија, на Маркез му одговараше да заврши и 11-ти за да ја освои титулата без разлика на пласманот на Довициозо, но наместо да калкулира, возачот на Хонда го мина Јоан Зарко, а подоцна на неверојатен начин се спаси од пад и успеа некако да се врати на патеката.

Маркез во овој момент се врати на петтото место зад Довициозо кој беше четврти, но потоа следеше пад и на Италијанецот и на Хорхе Лоренцо со што успеа да стигне до третото место. Со уште еден пиедестал во сезоната, Маркез успеа да ја прокнижи својата шеста титула во сите категории, а победник на денешната последна трка во Валенсија беше неговиот тимски колега Педроса кој во последниот круг го мина Зарко.

Facebook Коментари