Мото ГП
Маркез нема среќа: Трета операција и нова долга пауза

Марк Маркез ја пропушти речиси цела последна сезона во Мото ГП, а според најновите информации од Шпанија, нема да биде подготвен ниту за стартот на следната.
Веќе поранешниот светски шампион во Мото ГП третпат бил опериран на проблематичната рака и лекарите најавиле дека сега му следува нова задолжителна пауза од околу шест месеци.
Ова е вистински шок за фановите на Маркез, кои очекуваа дека внимателноста и избегнувањето ризик сезонава, ќе значи дека Шпанецот ќе биде сигурно подготвен за настап во 2021 година.
Најновата вест потврдува дека Маркез нема среќа со рехабилитацијата, коската не заздравува со посакуваното темпо, па лекарите решиле и третпат да го оперираат на раката на која заработи фрактура на почетокот на претходната сезона.
Членот на Репсол Хонда сигурно ќе ги пропушти сите тестирања, но исто така и првите неколку трки од новата сезона. Се очекува да се појави на патеката на четвртата трка, која ќе се вози во Херез, Шпанија.

- Италијапред 23 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 23 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 23 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 24 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 22 часа
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 21 час
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 22 часа
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва
- Англијапред 21 час
Легендарниот Окоча има совет за Салах за изборот на нов клуб