Мото ГП
Маркез: Не се враќам на патеката ако не бидам оној стариот!

Марк МАркез вчера подлегна и на третата операција на десната рака која ја скрши на првата трка во натпреварувачката сезона која измина, откако лекарите процениле дека оперираната коска и металната плочка не го дале посакуваниот резултат по долгата пауза.
Осумкратниот шампион си нанесе голема штета на трката во Херез и веднаш му беше направена операција, но неполи пет дена подоцна, се качи одново на мотоциклот и тоа на крајот се покажа како огромна грешка. Маркез беше дел од квалификациите на втората трка и беше јасно дека не може да одговори на предизвикот по незгодата операција, но работите драстично се закомплицираа откако неколку дена подоцна, беше соопштено дека дошло до кршење на плочката во горниот дел од раката.
Тоа го натера Марк да направи втора операција и да се збогува со натпреварувачката сезона во која шампион стана Мир, но вчера, за жал, возачот на Хонда подлегна и на трета операција која траела осум часа и која сите се надеваат дека ќе биде дефинитивна за правично рехабилитирање.
– Како и секој пилот, кога првпат се оперирав, веднаш прашав кога ќе можам повторно да се качам на моторот. Во таква ситуација, докторот е оној кој треба да пресече, кој треба да те закочи и мора да биде реален, – започнува Маркез во ексклузивното интервју за „ДАЗН“.
– Јас се вратив во Херез со голема смиреност и дека плочката нема да направи никаков проблем, дека се ќе биде во ред, бидејќи така и ми кажаа. Добив дозвола од лекарите. Јас бев прв кој прашав бидејќи бев храбар, но не сум неодговорен и ако ми кажеа дека може да се скрши, немаше да се качам на мотор при 300 километри на час. Враќањето беше избрзано и тоа е факт. Плочката ми се скрши отворајќи прозор, но тоа беше поради акумулиран стрес, а не поради прозорот.
– Направив грешка и научив многу, лекарите прават прогнози и можно е да се вратам за стартот на сезоната. Сепак, сега нема да го направам тоа додека не бидам максимално подготвен. Се додека не сум 100 проценти подготвен, не се враќам. Да се вратам и да не бидам тој што бев е она што ме загрижи и затоа направив ваков чекор со трета операција. Кога ќе се вратам, ќе бидам оној стариот. Не направив грешка кога правев ризици во првата трка, туку кога бев сигурен меѓу првите. Ќе се вратам кога ќе бидам подготвен да правам ризици, ако не, нема логика да се вратам. Не се враќам само колку да се вратам, сакам да се вратам на највисоко ниво и да нудам спектакл на патеката, – порача Маркез.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 21 час
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 24 часа
Бекам: Сакам да ги донесеме Меси и Роналдо во Мајами
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал