Маркез најпрво се истопори, а потоа се повлече: Не сакам да ја предизвикувам судбината!

Photographer Credit:
Gold & Goose/Red Bull Content PoolPhotographer Credit: Gold & Goose/Red Bull Content Pool

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, влегува со предност од 21 поен во последната трка од сезоната за Големата награда на Валенсија и верува дека може да ја освои четвртата титула во „кралската класа“.

Единствен кој може да го загрози е Андреа Довициозо, Италијанец во седиштето на Дукати, па во најблага рака да се истакне со повеќе победи отколку шампионот, бидејќи во овој момент двајцата имаат по шест. Во провокативната изјава што ја даде на стартот од гран при викендот, Маркез нема проблем доколку Довициозо победи, се додека тој е шампион, односно има пласман меѓу првите 11.

– Очигледно е, јас можам да ја загубам титулата и само Довициозо може да ја освои. Оној што води 21 поен е тој што треба да управува со предноста, а другиот зад него треба да го победи тој пред себе. Довициозо мора да ризикува и има само една стратегија, што подразбира да победи и да види каде јас сум пласиран. Од друга страна, јас сум среќен што треба само да завршам и зависам исклучиво од самиот себе. Во текот на годините научив дека е поважно да се освои титулата отколку победа во трката, затоа нема разлика за мене дали на крајот ќе имам шест победи, а Довициозо седум. За еден месец, никој нема да се сеќава на тоа. Додека титулата е за секогаш,- гласи надмената изјава на Маркез.

Шпанецот најави дека неговиот пристап кон последната трка нема да биде променет, иако трофејот веќе е негов „со една рака“.

– Доколку може да се претплатам, секоја година би сакал да влегувам во последната трка со 21 поен предност. Тоа е убава разлика. Сепак, не сакам да ја предизвикувам судбината. Секој со кој што зборувам гледа на ова како формалност, но спортот и животот можат да бидат мошне каприциозни. Не сакам да се опуштам или да го намалам притисокот, мора да се носам со него како претходно,- додава Шпанецот во вториот дел од изјавата.

Маркез влезе во Мото ГП во 2013 година и веднаш ја освои титулата во своите први две сезони, а во 2015 година иако не стигна до трофејот, беше главната причина зошто Лоренцо стана светски првак, откако вонеговиот дуел со Валентино Роси беше оттурнат од „докторот“, по што тој заработи казна.

Facebook Коментари