Маркез му одговори на Италијанецот: Го почитувам мислењето на Роси, но…

markez-brif

Валентино Роси не го криеше својот бес по крајот на трката во Аргентина и јавно „распали“ по својот помлад колега Марк Маркез, возачот на Репсол Хонда кој пред десетина дена имаше една неверојатна трка, во која изведе и неколку опасни потези со кои ги загрози ривалите.

Најдебелиот крај го извлече токму Роси кој заврши на земјата по еден контакт со Маркез, па токму поради тоа во своето жестоко обраќање, јасно стави до знаење дека почнал да се плаши од Маркез кога се во близина на Мото ГП патеките.

Ваквата изјава на Роси ја подели јавноста во мотоциклизмот бидејќи еден дел од легендите застанаа и во одбрана на Маркез, а сега се јави и самиот Марк кој за првпат одговори на изјавата на „Докторот“ за стравот на патеката.

– Веќе кажав во Аргентина и се уште го мислам истото. На патеката се случија многу работи, јас сум возач, спортист кој сака да го извлече најдоброто од себе. Се обидувам да научам од грешките и се надевам дека во иднина ќе докажам дека тоа е така. Направив грешка, платив за тоа и отидов да побарам извинување. Почувствував потреба дека треба да го направам тоа и немам никаква забелешка за однесувањето на Роси, – истакна Маркез на денешниот брифинг кој му го организираше Хонда.

– Јас ги почитувам сите изјави, го почитувам Роси, но јас секогаш сум велел дека кога сум на моторот, не се плашам од ништо и од никого, – завршува четирикратниот Мото ГП шампион во пресрет на трката која овој викенд се вози во Остин, Америка.

Facebook Коментари