Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез излета при брзина од 270 км/ч и ја распарчи својата Хонда (Видео)

Објавено

на

Марк Маркез доминираше на првиот тренинг во пресрет на трката за Големата награда на Велика Британија, но шесткратниот Мото ГП шампион беше и причината поради која беше прекината воведната сесија.

Стјуардите на Силверстоун беа приморани да покажат црвено знаме со кое се означува крај на сите случувања на патеката, откако шпанскиот возач имаше лошо излетување и пад при неверојатна брзина.

Маркез навистина има доста проблеми со контролирање на својата Хонда по враќањето на патеката, па во моменти кога се обидува да го извади максимумот, доста често се наоѓа на асфалтот.

Денеска излета на една од најтешките кривини при брзина од 270 километри на час и ја распарчи својата Хонда, а единствена позитивна вест беше тоа што веднаш стана на свои нозе и не заработи никаква повреда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни