Маркез го надмудри Квартараро во последниот круг за победа во Мизано (Видео)

markez-argentina

Марк Маркез беше трпелив цела трка во Мизано и на крајот стигна до нова Мото ГП победа, надмудрувајќи го младиот Фабио Квартараро во последниот круг.

Французинот со Јамаха го имаше водството од самиот почеток, но во последниот круг најпрвин успеа да го возврати првиот удар, за второто претекнување на Маркез да значи и нова победа за Шпанецот, вкупно седма сезонава.

Со 77 победа во кариерата, возачот на Хонда стигна до четвртото место на вечната листа, а на денешната трка на победничкиот пиедестал покрај Квартараро друштво му правеше и Маверик Вињалес, додека Валентино Роси го освои четвртото место. Пласман до десеттото место остварија Морбидели, Довициозо, Еспаргаро, Мир, Милер и Петручи.

Во генералниот пласман, актуелниот шампион Маркез има 250 поени, а далеку зад него е Довициозо со 172 поени.

Facebook Коментари