Шпанија
Маркез го издвои најтешкиот противник во кариерата и нагласи: Кога пристигнав во Барселона, тоа беше губитнички тим!
Рафа Маркез беше дел од една навистина убава етапа во Барселона која многумина ја сметаат како револуционерна за сите огромни успеси на каталонскиот гигант во изминатите десетина години, а будејќи свои спомени од истата, легендарниот мексикански капитен не пропушти да го нагласи талентот на младите фудбалери од Ла Масија, но и да го потенцира најтешкиот ривал во Примера.
Маркез беше навистина ценет дефанзивец кој лесно можеше да игра и како последен играч за врска, па како таков, постојано имаше битки со најсилните напаѓачи кои во тоа време настпауваа во шпанската Ла Лига.
– Јас пристигнав во Барселона во ера кога сите ја сметаа Барса за губитник. Не беше меѓу првите во Шпанија и секогаш остануваше на чекор од освојување на нешто големо. Горд сум што бев дел од таа промена, од таа револуција од која беа дел играчи како Роналдињо. Тоа беше почетокот на реконструкцијата по која се истакнаа играчи како Чави, Пујол, Валдес. После тоа, почнавме да освојуваме многу титули, – вели Маркез кој сега е амбасадор на Ла Лига, а играше за Барса од 2003-та до 2010-та година.
Во своето обраќање кое го имаше за телевизискиот канал на Ла Лига, Маркез го истакна и најтешкиот противник, ставајќи акцент на легендарниот Раул Гонзалес.
– Во Ла Лига го имав најтешкиот противник. Тоа беше играч кој навистина се наметнуваше во секој поглед. За Раул немаше изгубена топка, секогаш се бореше и тој беше навистина комплициран, тежок играч за чување. Играњето против него го правеше „Ел Класико“ уште поспецијално, – вели Мексиканецот.
-
Англијапред 13 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 12 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 22 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 12 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Играчите на Галатасарај подготвиле специјален пенал, Икарди се посрамоти за сите пари (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него