Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез двапати го „бакна“ асфалтот на Ле Ман, па приреди и комична сцена (Видео)

Објавено

на

Трката за Големата награда на Франција донесе големи возбудувања и непредвидливи временски услови, порадишто имаше и промена на моторите за време на трката, што резултираше да видиме големи промени во поредокот.

Најголемото шоу го приреди Марк Маркез кој првпат после една година почувствува дека може да победи на едно гран-при, но наместо тоа, двапати го „бакна“ асфалтот на Ле Ман, првиот пат во ситуација кога беше прв на патеката.

Осумкратниот првак загуби контрола врз својта Хонда во 12-та кривина и излета, но во тој момент реши да се врати на патеката и после следеше промената на моторите. Шпанецот се обиде да прави пресврт и стигна до 11-то место, но на 10 круга пред крајот одново падна и своето излетување го заокружи со комична реакција со која го насмеа и коментаторот.

Повратникот во Мото ГП е далеку од борбата за титулата во овој момент и самиот е свесен за тоа, а во овој момент, се чини дека Фабио Квартарарот и Џек Милер возат во најдобра форма.

Првиот го презема водството во генералниот пласман откако заврши трет во лудата трка, додека вториот стигна до втората последователна победа во Мото ГП, по онаа во Херез пред две седмици. Место на пиедесталот денеска имаше и за вториот Французин, Жоан Зарко кој заврши втор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни