Маркез: Дознав дека мојата мајка замолила еден возач да не ми прави проблеми на патеката

markez-finis

Марк Маркез вчера заврши на третото место на трката во Валенсија која всушност беше и последна во Мото ГП за оваа сезона, а тоа беше и повеќе од доволно шпанскиот возач да ја завери новата титула во „кралската класа“, вкупно четврта во неговата петта сезона во највисокиот ранг.

Маркез оваа година за свој најсериозен противник го имаше Андреа Довициозо кој влезе со минимални шанси за титулата и во последната трка, а дека во таборот на шпанскиот возач стравувале од сценариото кое беше неповолно за Марк сега откри самиот возач на Хонда.

Дваесет и четиригодишниот Маркез ќе ја загубеше титулата во ситуација да не ја завршеше трката и ако победник беше Довициозо, а иако ова сценарио беше навистина тешко за остварување, семејството на новиот светски шампион било загрижено поради возачот кој му правеше друштво во првиот стартен ред.

Јоан Зарко оваа сезона го имаше своето деби во Мото ГП и многу брзо доби популарност со својот крајно агресивен и бескомпромисен стил, а токму од тоа се плашела мајката на Маркез која побарала од него да биде мирен во Валенсија.

– Јас не го знаев тоа пред трката, но после тоа дознав дека мојата мајка го замолила Зарко да не ми прави проблеми на патеката. Мајка ми сака да зборува со сите, па кога го пресретнала во саботата, побарала од него да биде мирен на патеката. Нормално, ние кои сме на патеката знаеме дека такво нешто е невозможно, а тоа се виде и на вчерашната трка каде постојано бевме многу блиску, – открива Маркез за „Марка“.

 

Facebook Коментари