Поврзете се со нас

Мото ГП

Маркез добил зелено светло од лекарите, ќе се појави во квалификациите во сабота

Објавено

на

Марк Маркез доби зелено светло за настап на Мото ГП трката во Херез, само два дена откако беше опериран за да му биде санирана фрактурата на раката.

Шпанскиот мотоциклист падна за време на првата трка од новата сезона, по што мораше да замине на операција, но денеска лекарите му дале дозвола да се појави на втората трка, која исто така ќе се вози во Херез.

– Нашиот првичен план беше Марк да го откаже настапот во Шпанија и да се подготвува за Брно, но откако го видовме Марк и по зборовите на докторот, решивме да се појави во квалификациите во сабота, а потоа ќе видиме како ќе се чувствува, – изјавил Алберто Пуиг, тим менаџерот на Репсол Хонда.

Актуелниот светски шампион добил титаниумска плочка која треба да е доволна за да може да се натпреварува, но околните оштетувања можат да го направат тој потфат многу болен.

Во слична ситуација се и Алекс Ринс и Кал Крачлоу, кои по проблемите со повреди денеска добиле дозвола да возат во новиот Мото ГП викенд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни