Шпанија
„Марка“: Зидан им ја соопштил конечната одлука на фудбалерите, познат и првиот фаворит за негов наследник!
Зинедин Зидан веќе ги известил своите фудбалери од првиот тим дека наредната сезона нема да биде со нив и дека си заминува по крајот на оваа натпреварувачка кампања, што значи дека пред Французинот се последните два натпревари од неговата втора етапа како тренер нa „кралскиот клуб“.
Оваа информација доцна синоќа првично ја пренесе познатиот новинар Фернандо Бургос од радиото „Онда Серо“, а точно на полноќ, потврда и надополнување за истата пристигна и од медиумот кој е најугледен и најточен кога станува збор за ексклузивни информации поврзани за клубот од шпанската престолнина.
„Марка“ открива дека Зидан не ја соопштил оваа информација на полувреме од дерби мечот со Севилја, туку минатата сабота во пресрет на дерби дуелот со тимот од Андалузија кој подоцна ремизираше на „Алфредо Ди Стефано“. Угледниот весник информира дека Зизу им ја пренел оваа вест на своите играчи во соблекувалната веднаш по крајот на саботниот тренинг, поради што закажаната прес-конференција доцнеше одредено време.
Ова значи дека на Зидан му преостануваат само уште осум дена како тренер на Реал Мадрид, во кои на последните два меча ќе се обиде да стигне до последната титула како предводник на првиот тим. „Марка“ тврди дека оваа одлука на Зизу е дефинитивна и нема шанси да ја повлече истата, за што доволно говори и неговата последна изјава која ја даде вчера на пресот пред мечот со Атлетик Билбао.
– Вистината е дека пред мене се два натпревари, не знам што ќе се случи. Може да се случи се. Ова е Реал Мадрид, секогаш велев дека тука сум од ден за ден. Се што правам, го правам со максимален труд, се вложувам максимално. На крајот, доаѓа момент кога треба да се повлечете и да кажете доста за доброто на сите. Има моменти кога мора да останете, но има моменти кога мора да си одите за доброто на сите, – изјави вчера Зидан.
Во својата ексклузивна вест, „Марка“ исто така информира дека во прв момент, главен фаворит за наследник на Зинедин Зидан на клупата на Реал е легендарниот Раул Гонзалес.
-
Шах24 часа
Коментар: За собранието на ШФМ и загрозувањето на медиумската слобода
-
Македонија20 часа
Гест за почит на клубот од Битола: Приходите од билетите од мечот Пелистер-Вардар ќе бидат наменети за семејствата на загинатите во Кочани
-
НБА17 часа
Добри вести за Лејкерс: Познато е кога Леброн се враќа на терените
-
Свет20 часа
Винисиус Жуниор си ја бараше „бељата“, Рафиња реагираше и спречи глупост на сонародниот (ВИДЕО)
-
Репрезентација21 час
Неверојатна ситуација на мечот на Македонија: Противнички играч бил заменет на полувреме, па повторно влегол и ја потврдил победата на Белорусија
-
Репрезентација20 часа
Барди: Нема да го потцениме противникот, сакаме да го продолжиме победничкиот менталитет
-
АТП18 часа
Медведев повторно се „исклучи“ и доживеа елиминација на Мастерсот во Мајами
-
Свет19 часа
ФИФА донесе одлука: Клубот на Хамес Родригез исфрлен од Светското клупско првенство