Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“ тврди: Првата „бомба“ на Флорентино ќе пукне следната недела!

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Реал Мадрид работи стратешки добро на сите големи трансфери кои ги планира предвреме, а таков е случајот и со фантастичниот англиски играч за врска, Џуд Белингем.

„Кралскиот клуб“ ја следи ѕвездата на Борусија подолго време и веќе воспостави први контакти со претставниците на фудбалерот и оние на клубот од Дортмунд, но како што јавува угледната „Марка“, последната посета на водечките луѓе на Реал во Германија ја заокружила цела операција.

Реномираниот медиум кој го најави ангжманот на Белингем на почетокот на месец мај сега тврди дека работата е завршена, па според проценките, Белингем веќе следната седмица треба да пристигне во шпанската престолнина за да го парафира договорот.

Реал ќе издвои околу 100 милиони евра за суперталентираниот фудбалер кој стана лидер и на англиската репрезентација, а договорот ќе биде во времетраење од шест години.

Белингем претстојниот викенд заедно со своите соиграчи ќе се обиде првпат во кариерата да стане германски шампион, па „Марка“ уверува дека токму поради тоа целата програма за него е закажана за следната седмица.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни