„Марка“ тврди: По Гонзалес, уште една ѕвезда си заминува од Вардар

raul

Раул Гонзалес пред два дена самиот ги потврди шпекулациите кои велеа дека по крајот на оваа сезона ќе стави крај на својата волшебна етапа во Вардар, но според последните пишувања, за жал ова нема да биде единственото звучно заминување од ракометниот шампион на Европа.

Како што е добро познато, од претходно својот крај во Вардар го најави и Хрватот Циндриќ кој си договори трансфер во Кјелце, а сега угледната шпанска „Марка“ вели дека чекорот на Лука и Гонзалес ќе го следи и Хорхе Македа. Реномираниот весник од Мадрид тврди дека Македа по крајот на сезоната ќе се пресели во Германија, а причина за тоа е блискоста со неговата сопруга која игра ракомет во оваа земја.

– Хорхе Македа по крајот на актуелната сезона ќе ја менува клупската средина. За неговите услуги има интерес од неколку германски тимови, а во пол позиција и најконкретен е Рајн Некар. Сопругата на Македа, Макарена Агилар во овој момент игра за Турингер и тоа е причината број еден тој да се пресели во Германија, – вели „Марка“ во своето издание.

Facebook Коментари