Поврзете се со нас

Свет

„Марка“ со ексклузивни информации: Познато е кој ќе ја освои „Златната топка“ во Париз (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Иако има повеќе од еден месец до доделувањето на „Златната топка“, угледниот шпански медиум „Марка“ ова утро излезе со своја ексклузива за тоа што ќе се случува во театарот Шателе во Париз на 28-ми октомври.

Оваа година УЕФА и „Франс Фудбал“ повторно ги здружија силите и заеднички ќе ја доделат наградата за најдобар светски играч, а како што јавува „Марка“, обоен во злато ќе биде Винисиус Жуниор.

Најтиражниот весник од Пиринеите се повика на свои блиски извори и објави дека бразилскиот фудбалер ќе биде прогласен за најдобар во 2024-та година, победувајќи во конкуренција на својот соиграч Џуд Белингам и Родри од Манчестер Сити.

Винисиус имаше навистина извонредна сезона на тимски и индивидуален план и беше клучен за најголемите успеси кои ги оствари Реал Мадрид, клуб кој лани триумфираше и во Ла Лига и во Лигата на шампиони.

Во својата ексклузива, „Марка“ го опишува и тешкиот пат кој го изоде Вини до светскиот фудбалски трон, односно ги спомена и сите расистички епизоди низ кои мораше да мине за да дојде до највисокото скалило.

Од друга страна, оваа вест донесе и големо разочарување кај шпанските фанови, бидејќи по се изгледа и оваа година нема да видиме шпански победник и покрај освоеното Европско првенство (еден и единствен добитник на „Златна топка“ и Луис Суарез Мирамонтес).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни