Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Реал не планира да плати ни евро за Мбапе, Винисиус има предност пред Французинот

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе постојано се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а тие шпекулации се интензивираат во пресрет на преодните рокови.

Очекувано е за таков трансфер да се зборува и летово, но добро информираната „Марка“ денеска објави текст со кој го објасни актуелниот став на Реал околу евентуалното ангажирање на Мбапе.

„Марка“ пренесува дека Реал не планира да му плати ни евро на ПСЖ за Мбапе, односно не гледа посебна потреба да инсистира на овој трансфер ова лето, кога напаѓачот ќе биде под договор со францускиот клуб.

Шпанскиот великан има поставено краткорочна стратегија во која Мбапе би можел да пристигне на „Бернабеу“ само како слободен агент, а тоа би било следното лето, кога истекува неговиот договор со ПСЖ.

Медиумот пренесува дека фактор повеќе за јасниот став на Реал е и Винисиус, за кого клубот во моментов смета дека е на исто ниво со Мбапе, па ако не и во подобра форма од францускиот репрезентативец. Винисиус го потврдува својот потенцијал од натпревар на натпревар и неговото значење за оваа екипа предводена од Карло Анчелоти е неверојатно големо.

Бразилецот толку ги импресионирал челниците на Реал што во моментов тие не гледаат потреба повторно да се прави притисок за брзо пристигнување на Мбапе, па останува на таа тема првпат да се размислува во пресрет на следното лето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни