Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Реал Мадрид се раздели со предводникот на лекарскиот тим

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Раководството на Реал Мадрид решило да ја заврши соработката со досегашниот предводник на лекарскиот тим, Нико Михиќ.

Хрватскиот специјалист го предводеше лекарскиот тим во фудбалскиот состав на Реал изминатите шест години, а соработката со шпанскиот клуб и играчите како Лука Модриќ и Матео Ковачиќ трае повеќе од деценија.

Причина за вакво решение се многуте повреди од почетокот на сезоната, а чашата била прелиена со проблемот на турскиот интернационалец Арда Ѓулер, кој беше блиску до враќање на терените, пред да заработи нова повреда која го испрати на едномесечна принудна пауза.

Повредите биле само иницијална каписла за загриженост, а ситуацијата кулминирала и со избраниот начин за рехабилитација, како и повторувањето на одредени проблеми, при што настанал и конфликт меѓу лекарите, физиотерапевтите и другите експерти вклучени во овој дел.

„Марка“ пренесува дека изминатиот период имало и други конфликти на релација фудбалери-лекарски тим, па раководството не било задоволно каков третман добиле Бензема, Алаба и Себалјос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни