Поврзете се со нас

Шпанија

„Марка“: Реал го смета дуелот со Мајорка за „финале“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид не успеа да стигне барем до минимална предност на првиот четвртфинален дуел со Манчестер Сити и ќе се обиде на потежок начин да стигне до пласман во следната рунда на Лигата на шампионите.

Сепак, пред гостувањето на „Итихад“, избраниците на Карло Анчелоти ќе гостуваат кај Мајорка во Ла Лига, натпревар кој според „Марка“ се смета за посебно важен во редовите на Реал Мадрид.

Тиражниот весник ја пренесува атмосферата од редовите на „кралскиот клуб“, тврдејќи дека Анчелоти воопшто не планира да прави посериозни ротации и да ризикува, давајќи и приоритет на победата поради значењето за трофејот во шпанското првенство.

Победа против Мајорка би се сметал за важен чекор кон титулата, затоа што Реал ќе ја задржи предноста од најмалку 8 бода во пресрет на „Ел Класико“ и на тој начин нема дополнително да ја мотивира Барселона во обидот да ја намали негативата и да ја интезивира битката за титулата.

Фановите на Реал можат да очекуваат силен состав и императив да се освојат трите бода против финалистот во купот, а Реал дури потоа ќе го планира мечот против Сити, односно гостувањето во Манчестер. Како предупредување за фаворитот е и фактот што минатата сезона загуби на гостувањето кај Мајорка.

Реал во моментов има осум бода предност на осум кола до крајот на сезоната, а „Ел Класико“ е закажано за 21. април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни