Шпанија
„Марка“ отвори дебата за фановите на Валенсија: Мамардашвили или Димитриевски? (Фото)

Столе Димитриевски направи голем трансфер во Валенсија каде му беше ветено дека ќе биде прв голман на „лилјаците“, но она што изгледаше незамисливо сценарио за Македонецот, на крајот за жал се случи откако Ливерпул го остави Гиорги Мамардашвили уште една година на „Месталја“.
Иако Грузиецот беше продаден за сума која надминува 30 милиони евра, Ливерпул посака Мамардашвили да собира искуство уште една година во Валенсија, а таквиот расплет беше најнеповолен за Столе кој наместо прв, оваа сезона е втор голман на шпанскиот великан.
Македонскиот репрезентативец доби неколку шанси во Ла Лига поради повредата на Мамардашвили на крајот на минатата година и беше прв голман во Купот, а бидејќи остави навистина добар впечаток кога беше меѓу стативите, угледната „Марка“ сега реши да отвори дебата која за многумина беше нелогична.
Мамардашвили брани во навистина лоша форма оваа сезона и беше одговорен за неколку бода кои ги загуби Валенсија, а по последниот голем кикс кој го имаше на натпреварот со Валјадолид, „Марка“ реши да отвори дебата, со поставено прашање до навивачите на клубот.
– Мамардашвили или Димитриевски?
Угледниот медиум во својата вест потенцира дека на почетокот на сезоната никој не би прогнозирал вакво сценарио, но додава дека тренерот Корберан навистина може да подразмисли и за смена на голманската позиција, особено во ситуација кога Гиорги е несигурен, а Валенсија води грчевита борба за опстанок во Ла Лига.
За среќа на Мамардашвили, неговиот последен кикс не влијаеше погубно врз Валенсија, бидејќи „лилјаците“ успеаја да се опорават од истиот и со голот на Умар Садик победија со 2:1 против Валјадолид за излез од опасната зона.
¿DEBATE EN LA PORTERÍA?
El debate que parecía imposible en el Valencia: Mamardashvili o Dimitrievski https://t.co/ITtr1LlpMY
— Radio Marca Valencia (@RMValencia) March 10, 2025
-
Игри на среќа22 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет21 час
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони10 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет10 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија22 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Англија21 час
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија20 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Несторовски со гол и асистенција ја доби битката со Елези во Хрватска (ВИДЕО)