Поврзете се со нас

Свет

„Марка“ откри колку ќе заработува Бејл во новиот клуб: Десет пати помалку од Реал!

Објавено

на

Герет Бејл потврди дека се сели во МЛС лигата и дека ги договорил сите детали со Лос Анџелес, клуб во кој ќе ја дели соблекувалната со Џорџо Кјелини и Карлос Вела.

Велшанецот долги години беше еден од најплатените светски фудбалери и неговата плата во Реал со бонуси достигнуваше 20 милиони евра, но сега се соочува со една нова реалност и „Марка“ открива дека ќе добива десет пати помалку во Америка.

Крилниот фудбалер се согласил на значително помала плата за да настапува во Лос Анџелес, а како што информира угледниот шпански медиум, Бејл не е ниту во топ 10 најплатени играчи во МЛС лигата.

За негови стандарди, Бејл ќе заработува скромни 1,6 милиони евра во новиот клуб, па повеќе од јасно е дека велшкиот капитен оди во Америка за да ја одржува формата за Светското првенство, а не за да заработува пари.

Само за споредба, Џердан Шаќири кој неодамна се пресели во МЛС лигата заработува осум милони евра, Инсиње во Торонто си договори годишна заработка од 12 милиони евра, а Чичарито инкасира шест милиони евра во Лос Анџелес Галакси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни