Поврзете се со нас

Германија

„Марка“ најави големо засилување за Реал од редовите на Баерн, агентот веднаш се огласи во јавноста

Објавено

на

foto: x.com/FCBayern

Алфонсо Дејвис веќе две сезони е голема мета на Реал Мадрид, но како што можеше да се наести изминатото лето, „кралевите“ на крајот дочекаа шанса да го добијат левиот бек како слободен агент.

Канадскиот репрезентативец за неполни 50 дена ќе може да преговара со било кој клуб и да потпише договор кој ќе важи од наредниот јуни, а угледната „Марка“ оваа вечер информираше дека Реал Мадрид успеал да постигне преддоговор со офанзивниот бек.

Познатиот мадридски медиум најави дека Дејвис е првото договорено засилување за Реал во летниот преоден рок, па иако во својата вест нагласи дека всушност во моментов станува збор за усмен договор, оваа ексклузива беше доволна за да стане топ тема и во Германија.

Љубопитните германските новинари не останаа должни и веднаш го исконтактираа агентот на самиот фудбалер, кој пак со кратка и концизна изјава ги демантираше информациите кои пристигнаа од Пиринеите.

– Веста која пристигна од Шпанија не е точна. Играчот се уште има многу опции за иднината, но не сме се договориле со ниту еден клуб. Баерн се уште може да биде опција, се што укажува на нешто друго е сосема неточно, – вели Недал Хусех, агентот на Дејвис.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни